411
Поради продолжениот празничен викенд, повторно, исто како и минатиот викенд, се предизвика метеж на граничниот премин „Богородица“ кон соседна Грција.
Камерите поставени на граничните премини прикажуваат голем метеж на излез кон Грција, додека метеж утринава имало и на излез кон Србија.
– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранини премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информираат од АМСМ.