381
Закани за поставени бомби и денеска стигнале во 18 основни и средни училишта во Скопје. Од МВР велат дека учениците се евакуирани.
-Денеска (09.02.2023) до 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Во меѓувреме пак родителите добиваат пораки од наставниците да одат пред училиштата и да ги земат своите деца.