751
Демократската партија на Турците денеска на седниците на Централниот Управен одбор и на Централното собрание на партијата донела одлука да влезе во предизборна коалиција со СДСМ за претстојнитe избори.
Како што информираат од партијата, за кандидати за пратеници едногласно биле избрани партискиот претседател Бејџан Илјас во шестата изборна единица и генералниот секретар Енвер Хусеин во четвртата изборна единица.
Претходно, во текот на денешниот ден ЛДП соопшти дека ќе ја продолжи соработка со СДСМ, чии кандидати за пратеници на заедничките листи ќе бидат Моника Зајкова и Боби Мојсовски.