621
Против 42-годишна тетовчанка е поднесена кривична пријава за измама, бидејќи и ветила на една жена дека за пари ќе го ослободи татко и затворска казна.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А. (42) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од 24.08.2021 до август 2022 година, пријавената на жителка од с.Јажинце лажно ѝ се претставила како лице што наводно може да ѝ помогне во ослободување од затворска казна на нејзиниот татко, за што ѝ земала пари“, соопштија од МВР.