Откако ја изгуби претседателската функција, Доналд Трамп го напушти и еден од неговите најпрепознатливи приврзаници, човекот кој упадна во американскиот Конгрес со крзнена капа и рогови.
Адвокатот на Џејк Ангели познат како Кананов шаман, една од теориите на заговор којашто почна да се шири откако Трамп дојде на чело на САД, изјавил дека неговиот клиент се чувствува предаден.
-Многу жали што претседателот го предаде, но и зашто воопшто се доведе во позиција во која донел одлука која не требало да ја донесе, рекол неговиот адвокат, Ал Ваткинс.
Ангели или Јакоб Ченсли, како што е неговото вистинско име, беше уапсен по нередите, а минатата недела молеше да добие помилување од Трамп, но не го доби.
Човекот кој упадна во Конгресот со крзнена капа и рогови бил следбеник на теоријата на заговор Канон