Фудбалскиот клуб Интер Мајами синоќа го официјализираше доаѓањето на поранешниот фудбалер на Барселона во САД. По Лионел Меси, ангажиран е и Серхио Бускетс, кој претходно целата своја кариера ја мина во редовите на Барселона.
Бускетс беше важна алка во освојувањето на титулата на Барселона минатата сезона, но донесе одлука да го напушти тимот летово, и покрај тоа што тренерот Чави Ернандез инсистираше да остане барем уште една сезона.
Објавата на Интер Мајами дојде со низа изјави од фудбалски личности кои сакаат да го нагласат квалитетот на новото засилување.
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) June 23, 2023
„Ако ја гледате играта, не го гледате него. Но, ако го видите, ја гледате играта“, изјави поранешниот шпански селектор Висенте дел Боске.
„Еден од најдобрите играчи од средниот ред против кого сум играл“, изјави Лука Модриќ. Тој е најдобар во последните 20 години и ќе биде еден од најдобрите во историјата“, изјави тренерот на Барса, Чави Ернандез. Тој е многу интелигентен, разбира се“, вели Пеп Гвардиола.
Серхио Бускетс има одиграно 722 натпревари и постигнато 18 гола за Барса.
Во Интер Мајами покрај Меси соиграч ќе му биде и поранешниот член на Барселона, Жорди Алба.