И бугарските социјалисти ќе го добијат мандатот од Радев

by Фокус

Бугарскиот претседател Румен Радев утре во 17 часот по локално време ќе го врачи мандатот за предлагање кандидат за премиер од пратеничката група на „БСП за Бугарија“, соопшти прес-службата на Радев.

Радев одржа политички консултации со парламентарните партии во Народно собрание и имаше можност да избере меѓу три партии: Бугарската социјалистичка партија, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“.

Доколку пропадне и третиот мандат за формирање нова влада на Бугарија, претседателот мора да го распушти Националното собрание и да закаже предвремени парламентарни избори и да назначи преодна влада која ќе ги организира.

Поврзани новости