524
Бугарскиот пратеник Ангел Георгиев од партијата „Преродба“ на фејсбук објави снимка за која тврди дека е инцидент што се случил на граничниот премин Деве Баир.
На снимката се гледа дека македонските полицајци се обидуваат да го вратат во неговото возило, но тој упорно одеше кон нив без дозвола, па беше вратен со примена на сила.
Тоа се случи откако бугарски државјани претходно беа приведени во просториите поради недолично скандирање и обид за физичка пресметка.