388
Владата на Бугарија денеска одржа седница на која го одобри текстот на Договорот за добрососедство со Македонија. Бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека со потпишувањето на договорот за добрососедство е израз на желбата на Република Бугарија да изгради добрососедски односи засновани на европските вредности.
Борисов додаде дека повеќе години различни бугарски влади биле ангажирани во преговорите и дека секогаш се внимавало да се заштитат бугарските национални интереси.
-Со употребата на терминот „нашата заедничка историја” во договорот велиме дека историјата ни обединува, а не не разединува, рече Борисов.