560
Изземање на обвинителката Вилма Русковска од случајот „Меѓународен сојуз“ побара и обвинетиот Бојан Јовановски, откако претходно тоа го стори Фросина Ременски.
И тој, како Ременски, ја обвини Русковска за селективно и тенденциозно постапување. Рече дека извршила кривично дело тортура поради начинот на кој се однесувала кон него, а спомена и дека треба да биде изземена бидејќи постапувала во „Рекет“ каде што, како што додаде, била селективна со Зоран Милески-Кичеец кој е на слобода заради политички цели.
Обвинителката Русковска пак искоментра дека барањето за изземање не држи, но сепак одлуката треба да ја донесе републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Следното рочиште е закажано за 21 јули.