594
Германската фармацевтска компанија Баер (Bayer) ќе произведува вакцина против Ковид-19 на компанијата КјурВак (CureVac). Вакцината е во завршна фаза на тестирање, а издавање на дозвола за употреба се очекува во следните неколку месеци.
– Во нашиот погон во Вупертал би требало да почне производстворо на вакцината на компанијата КјурВак. Испораката на првите дози се очекува да биде до крајот на годината, изјави членот на Управата на Баер, Стефан Олрих.
Директорот на КјурВак, Франц-Вернер Хас изјави дека неговата компанија, преку мрежа на производители обезбедила производство на околу 300 милиони дози до крајот на годината. Во Баер ќе бидат произведени околу 160 милиони.