Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79 – годишна жена која почина откако повеќе од две недели беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје.
Претходно, по истиот настан почина и нејзината 47-годишна снаа, додека 55-годишниот син е пуштен на домашно лекување.
Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето кое се случи во скопска Кисела Вода.
Од домот на семејството, како што информираат од Обвинителство, се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење.
Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти.
Информациите се дека во питата со праз што ја јадело семејството на 15-ти овој месец се нашол силен инсектицид кој ги затрул сите тројца, а само 55-годишникот успеал да се спаси.