И Азманов денеска ќе сведочи за „Рекет“

by fokus

Бизнисменот Зоран Азманов за денеска е повикан да сведочи во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“.

Азманов кој е сопственик на градежната компанија „Настел“, се препукуваше со Јовановски уште пред да биде обелоденет случајот „Рекет“.

Бизмисменот Азманов го обвинуваше Јовановски дека му барал 50.000 евра за да не ја емитува „Инсајдер“.

Во моментот во обвинителството исказ дава Агапи Дика, претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Овие лица се статус лица од кои може да се добијат потребни и информации, што значи дека засега не се ниту класични сведоци ниту осомничени.

Во случајот „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева.

В.В.

Поврзани новости