Морам да и аплаудирам на Македонија за отпорот кон руското злонамерно влијание на Балканот и го поздравувам вашето лидерство со кое давате пример во регинот, порача министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис на средбата во Пентагон со македонската министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.
Краткиот говор е објавен во видео на официјалниот твитер профил на Министерството за одбрана на САД. Како што стои во објавата Матис ја пречекал Шекеринска во Пентагон со почесен кордон и ја пофалил поддршката што Македонија им ја дава на НАТО мисиите.
Шекеринска од своја страна ги нагласила аспирациите на Македонија кон НАТО.
-Дозволете ми да ве уверам дека Македонија е спремна да стане членка на НАТО сојузот. Многу брзо закрепнавме од нашата политичка криза и после силниот реформски чекор на нас се гледа како извор на надеж во Балканот – рече Шекеринска.
#SecDef Mattis welcomed Macedonia's Defense Minister Radmila Šekerinska to the Pentagon today. 🇺🇸 🇲🇰 pic.twitter.com/FgB2jgNhZU
— Department of Defense 🇺🇸 (@DeptofDefense) May 1, 2018