И активист од Куманово во трка за лидер на СДСМ

by Фокус

До Централната изборна комисија на СДСМ денеска пристигна уште една кандидатура за претседател на партијата.

Станува збор за Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.

Како што соопшти СДСМ, по анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски ги исполнува пропишаните услови, ќе одлучи дали ја верификувала апликацијата.

Прв кандидатура за партиски лидер најави и поднесе заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, а тоа го сторија и поранешната министерка и пратеничка Фросина Ременски и поранешниот организациски секретар Миле Зечевиќ.

Во меѓувреме, Митко Андреевски и Јован Деспотовски порачаа дека се уште размислуваат дали да влезат во трка за партиски лидер.

Поврзани новости