И 11 Октомври е спорен за бугарскиот европратеник Ковачев

by fokus

За бугарскиот европратеник од редовите на опозициската ГЕРБ, Андреј Ковачев. во релациите меѓу Бугарија и Македонија спорен е празникот 11 Октомври – Денот на востанието.

– На пример, таму се уште е како празник, како што го нарекуваат, кога пукнала првата пушка против Бугарите во октомври месец. Ако ништо не смениш од претходниот режим на Титова Југославија не може со истата идеологија да влезеш во ЕУ, зашто таа идеологија е директно насочена против друга земја членка на ЕУ – рече европратеникот во интервјуто за БТВ.

Тој уште еднаш посочи дека треба да се работи на искоренување на омразата во образовните содржини во учебниците, медиумите и академските средини во Македонија.

-Образовниот систем и медиумите во Северна Македонија треба да почнат да ја објективизираат нашата заедничка бугарска историја. Тоа е во името на нашата заедничка европска иднина. Нема како да ја поддржиме сегашната идеолошка основа на Северна Македонија – вели Ковачев.

Поврзани новости