Долгото владеење на ВМРО ДПМНЕ ќе остане запаметено по многу нешта, помеѓу кои и шегите на сметка на тврдокорните ВМРО- вци кои што се актуелни по социјалните мрежи.
Ви пренесуваме дел од нив, и оставаме на читателите да проценат колку вистина има во секоја од нив:
Прав вмровец дома ќе му направе екстерно на детето
Прав вмровец плаќа радио дифузна такса за една година унапред, за инает на СДСМ
Прав вмровец што многу си ја сака девојката, нагалено си ја вика тендерче
Права вмровка не пере алишта кога е ефтина струја
Прав вмровец не и верува на Америка дури Трамп не пише на твитер
Прав вмровец ја сака Русија и ја мрази Америка, ама го праќа син му на англиски за да не заостанува зад светот
Прав вмровец се крсти во Беса
Прав вмровец повратокот од ДДВ го дава како донација у партија
Фото: Република
Вики Клинчарова