Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ се одржа ракометен спектакл, дуел меѓу актуелната репрезентација на Македонија и тимот на македонските ракометни ветерани. На крајот помладите го добија мечот со 25-21.
Мечот имаше хуманитарен карактер, целата заработка од продадените влезници ќе биде донирана за СОС Детското село.
На трибините беше и премирот Димитар Ковачевски.
-Вечерва беше посебно убава – во име на хуманоста, за првпат, на ревијален натпревар, ги гледавме заедно на терен поранешните и актуелните репрезентативци, македонските ракометни легенди од оваа и изминатите генерации кои постигнаа големи успеси и нѐ направија навистина горди низ годините.
Денес го славевме ракометот, но и ги поддржавме најранливите, децата и младите без родителска грижа, преку хуманитарна акција. Сите средства од овој ревијален натпревар беа наменети за СОС Детско село.
Честитки за организацијата, навистина незаборавно искуство, напиша Ковачевски.