417
Предновогодишен хуманитарен базар на рачно изработени рециклирани предмети на кој ќе се собираат средства за СОС Детското село Македонија, ќе се одржи денеска во Веро Центарот во Скопје.
Предметите ги изработија деца од градинките низ Македонија во изминатите три месеци.
На базарот, организиран во рамки на Проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, треба да присуствуваат и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и националниот директор на СОС Детско село Македонија, Јулијана Накова-Гапо.
Проектот има цел и да ја поттикне и хуманоста кај децата бидејќи на крајот предметите ќе бидат изложени на овој хуманитарен базар, а собраните средства ќе бидат донирани за СОС Детското село Македонија.