Хуманитарниот концерт во чест на Тоше Проески, кој ќе се одржи во Дом на млади – Штип на шести јуни, а на кој повеќе музичари ќе ги изведат неговите хитови, ќе биде и настан наменет за помош за лекување на Сибел Омерова, млада медицинска сестра од Штип.
На Сибел и е дијагностициран рак, и таа е на лекување на клиника во Турција. За нејзиното лекување и престој на клиниката во Турција се потребни најмалку 70.000 евра, и изминатиот период веќе се организираа бројни акции за собирање на помош.
-Да го продолжиме хуманиот пат на Тоше! На концертот ќе бидат поставени кутии за донации за помош на Сибела, а дел од средствата собрани од влезници ќе се уплатат за нејзина помош, информира Горан Стаменков, кој е дел од организацијата на концертот.
На истиот ќе настапат Коки Јанков, Бени Шаќири, Јоце Панов, Илија Ќосевски, Ламбе Алабаковски, Александар Јанева, Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, и други.
Ќе биде емитувана и премера на документарниот филм за Тоше, снимен од белградската продукција „Експлозив“ и режисерката Катарина Миловановиќ.
Водител на настанот ќе биде Миро Кацаров.
Вики Клинчарова