Хумана мисија на струмичани: Преполна сала за малата Теодосија од Куманово!

by fokus

На иницијатива на струмичката Фондација ,,Елеуса” во Струмица завчера се одржа хуманитарен концерт за помош на 4-годишната Теодосија Лазаревска од Куманово, за која се потребни околу 50.000 евра за лекување на тумор.

Настанот се случуваше во Центарот за култура ,,Антон Панов”, под мотото – Звукот на човечноста, а учество зеле ученици од средните струмички училишта „Јане Сандански“, „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“, ОМУ „Боро Џони“ и Вокално-инструменталниот состав „Стихири“.

Од фондацијата објавија фотографии од настанот и јавно им се заблагодарија на сите учесници во хуманитарниот концерт, но и на сите присутни во публика, кои покажале голема хуманост и човекољубие.

Влезниците за концертот се продавале по цена од 300 денари, а се собрале дополнителни средства и со донирање во поставените кутии.

Сите кои се во можност да помогнат Теодосија побргу да замине на лекување на клиника во Турција, можат да донираат на телефонските линии за донации А1 143 470 и ТЕЛЕКОМ 143 102, или на жиро сметка:
НАМЕНСКА СМЕТКА
210-501733077127
ТЕОДОСИЈА ЛАЗАРЕВСКА
ДЕВИЗНА СМЕТКА
IBAN: МК07210501590833417
SWIFT: TUTNMK22
ANETA LAZAREVSKA

Вики Клинчарова

Поврзани новости