Хулигани го шутирале по главата додека беспомошно лежел, братот на министерот на БиХ брутално претепан до смрт

by Fokus

Двајца малолетници, од кои едниот е уапсен поради сомнение дека го убиле Ѓорѓе Мијатовиќ, братот на потпретседателот на Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина, го клоцале несреќниот човек во глава додека тој беспомошно лежел на земја, објави „Блиц“.

Како што се наведува, осомничените малолетници се на возраст од 16 години. Еден од нив е уапсен, додека по другиот интензивно се трага.

Уапсениот се товари за тешко убиство и во моментов е на распит кај судијата за малолетници на Вишиот суд во Белград.

Според соседите на Мијатовиќ, тој бил нападнат од тинејџери кои веќе подолго време правеле проблеми во соседството, а кои го задевале неговиот 11-годишен син.

Еден од станарите рекол дека група поголеми деца го задевале тинејџерот, по што Ѓорѓе се симнал и им рекол да не го прават тоа.

– Од соседите слушнав дека Ѓорѓе им рекол: „Не ми го допирајте детето“, а потоа најверојатно го нападнале. Не знам дали го тепале или го удирале. Побегнаа – вели соседот на Мијатовиќ.

Според нашите неофицијални информации, Мијатовиќ добил шест удари во главата, од кои еден во пределот на слепоочницата. Како што објаснува изворот на „Блиц“, откако резултатите од обдукцијата ќе бидат доставени до Вишото јавно обвинителство во Белград, ќе биде нареден судско-медицински преглед за да се утврди како починатиот се здобил со смртоносните повреди.

– Хулиганите му ја одзедоа топката на момчето и ја шутнаа. Момчето отишло кај татко му и се пожалило, по што Мијатовиќ се симнал и им рекол да го остават момчето на мира. Тогаш влетале хулиганите и почнале непрекинато да го удираат. Му скокнаа на глава. Го клоцаа. Му пукна черепот. Сакале да го запалат со факел – вели познаник на Мијатовиќ.

Според него, Мијатовиќ не боледувал од епилепсија, туку имал епилептичен напад од повреди на главата.

Поврзани новости