Хрватското Министерство за здравство се огласи по повод навалата врз аптеките и масовното купување таблети јод поради страв од нуклеарен напад.
-Никогаш не земајте јод самоиницијативно. Со оглед на зголемената побарувачка за јод, калиум јодид и слични производи, Министерството за здравство апелира до граѓаните да не земаат самоиницијативно таблети калиум јодид и слични препарати со јод бидејќи потенцијално можат сериозно да го нарушат сопственото здравје. Со оглед на актуелната криза поради агресијата и инвазијата на Украина, разбирлива е одредена загриженост на граѓаните, но треба да се нагласи дека стручните служби се подготвени за сите ризици кои можат да имаат негативно влијание врз јавното здравје и во моментов нема причина да се зема јод“, се наведува во соопштението.
„Истакнуваме дека таблетите калиум јодид се користат за да се спречи внесувањето на радиоактивен јод само за да се спречи развој на можен карцином на тироидната жлезда и не превенира други ефекти од зрачењето врз организмот. Важно е да се нагласи дека внесот на калиум јодид е ефикасен само неколку часа пред или во рок од 6 часа по изложувањето на зрачење и, по правило, треба да се користи само една доза на калиум јодид, со заштитен ефект кој трае околу 24 часа“, потенцира хрватското Министерство за здравство.