Хрватските антифашисти ѝ порачале на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ дека не е добредојдена во Јасеновац, по нејзината најава дека ќе го посети поранешниот озлогласен усташки логор. Ова се случува откако новата хрватска претседателка побарала да се исфрли статуата на Тито од нејзината канцеларија. Сојузот на антифашистичките борци го одбило и нејзиното покровителство на прославата на 70 години од победата над фашизмот.
Инаку, во Загреб викендов била формирана и Антифашистичка лига, чиј претседател е Зоран Пусиќ, брат на шефицата на хрватската дипломатија, Весна Пусиќ. Поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој дал поддршка на оваа иницијатива, изразил жалење што во Хрватска и понатаму е присутна „усташката змија“ и за тоа што од време на време се покажуваат фашистички идеи.