Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ не сакаше да го коментира фактот што судијата Дани Макели синоќа го продолжи натпреварот против Италија за 8 минути.
– Имавме се во наши раце, па во последните минути примивме голови против Албанија и Италија, изјави Далиќ по ремито 1:1 против Италија.
До 98. минута Хрватска водеше со 1:0. Потоа примија гол и по 1-1, Хрватска треба да чека поволен развој на дури четири натпревари за да се пробие во најдобрите 16 репрезентации во Европа.
– Тешко е да се најдат вистинските зборови. Можам само да им честитам на момците за шоуто. За борбата, волјата и пожртвуваноста што ја покажаа. Но, ова очигледно не е наш турнир. Да го признаеме тој гол низ средината, имаме играч кој остана сам на страна и ни постигна фантастичен гол – смирено прокоментира Далиќ.
– Не можам да се согласам дека бевме лоши во првото полувреме. Бевме добри, одигравме тактички како што сакавме. Сакавме да имаме посед, да ја задржиме топката и да не примиме гол како што ни се случи против Шпанија и Албанија. Тешко е да се надокнади подоцна. Почнавме во вториот дел и постигнавме гол. Се беше како што планиравме. Освен самиот крај. Нема ни да коментирам за осумте минути продолжение. Осминафинале? Не, имавме се во наши раце, а сега се случуваат работи на кои не можеме да влијаеме, изјави Далиќ.
– Најмногу ми е жал за нашите навивачи, кои фантастично не следеа на сите натпревари. Не ја минавме групата и ова е неуспех – изјави Далиќ.