40
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, на претстојните избори во април ќе настапи како носител на листата на СДП во првата изборна единица, соопшти тој на прес-конференција со партискиот лидер, Пеѓа Грбин.
-По изборната победа, за која сум сигурен, ќе се повлечам од функцијата претседател и со поддршка на новото мнозинство во хрватскиот сабор ќе ја преземам одговорноста да ја водам владата. До доаѓањето на мојата нова функција ќе продолжам да ја извршувам функцијата претседател – изјави Милановиќ..
Актуелниот премиер, Андреј Пленковиќ рече дека потегот на Милановиќ покажал дека маските конечно паднале, а оти ХДЗ ќе го поразел СДП по трет пат.