691
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го напушти одбележувањето на 25-годишнината од воената акција „Блесок“ во Окучни, зашто меѓу присутните почнаа да се појавуваат усташки симболи. Милановиќ го напушти настанот откако еден од присутните истакна маица со усташкиот извик „За дом спремни“. Тој изјави дека кога прифатил да дојде тука, се согласил на протоколот, но не и на величење на усташтвото.
-Жал ми е. Дојдов да им оддадам почит на оние што паднаа за Хрватска, но еден од учесниците што требаше да положи цвеќе, пред мене ја соблече јакната и на себе имаше маица со усташкиот поздрав – изјави хрватскиот претседател по напуштањето на церемонијата.