Хрватскиот министер за одбрана тешко повреден во сообраќајка – еден загинат

by fokus

Министерот за одбрана Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина. Министерот го управувал своето возило кое се судрило со комбе. Загинал возачот на комбето.

Како што потврдија од полицијата, несреќата се случила во 06:15 часот на излезот од Винковци во правец кон Жупања.

Марио Баножиќ е пренесен во болница“, изјавил од полицијата Фабијан Капулар, кој не знаел детали за здравствената состојба на министерот Баножиќ и тежината на повредите, пишува Index.hr.

„Во тек е истрага со која раководи заменик на Жупаниското државно обвинителство во Вуковар. Од 08:15 часот таа делница од државниот пат број ДЦ-55 (Винковци-Жупања) е затворена за сообраќај“, соопшти полицијата.

Според последните информации, министерот од болницата Винковац ќе биде пренесен во КБЦ Осиек.

Поврзани новости