388
Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман е позитивен на ковид-19 откако вчера се тестирал, објави неговото министерство.
Во соопштението е наведено дека министерот Грлиќ Радман имал благи симптоми, дека добро се чувствува и дека ќе работи од дома. Тој минатата недела учествуваше на Преспа-форумот што се одржа во Охрид, каде имаше средби и разговори со македонскиот државен врв, како и со многу други странски претставници.
Хрватскиот министер од Охрид во Загреб допатувал во петокот со авион заедно со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавашоглу.