395
Хрватите остануваат најбројни посетители дојдени во Македонија да ја проследат посетата на папата Франциск. Хрватските знамиња го обоија плоштадот во Скопје, а посетителите велат дека ја искористиле можноста да прошетатат низ Македонија.
-Првпат сум тука. Дојдовме во саботата, бевме во Струмица, имаше многу луѓе во катедралата. Бевме низ неколку градови во Македонија. Шест автобуси сме од Загреб, има многу од Хрватска. Интересно е да се види друга култура. Ми беше желба и овој папа да го видам – вели Владо Будиќ, посетител од Загреб.
Свечената литургија на папата треба да почне во 11.00 часот. Плоштадот се полни со луѓе, а некои од нив си земале перничиња на кои седат за да се одморат од долгиот пат.
Јорданчо Цветаноски