578
Скандал избувна во хрватската армија откако тројца хрватски пилоти, од Хрватското воено воздухопловство (ХВВ) од воената база во Земуник, се под истрага на цивилната и воената полиција.
Пилотите превезувале шверцер со оружје со воен хеликоптер, а полицијата извршила претрес во нивните домови каде пронашла поголема количина воена муниција, јави Нова ТВ.
-Ова е изолиран случај, тоа не се случило досега во хрватските воздухопловни сили. Ние ќе продолжиме да преземаме мерки за да спречиме вакви случаи, изјави бригадниот генерал Мато Микиќ, командант на ХВВ.
Фотографија: архива