Канадер на хрватското воздухопловство со два екипажи денеска е испратен во Грција за да пружи хуманитарна помош во гаснењето на пожарите, а ова е трет пат да и помогне на Грција, каде и понатаму беснеат шумски пожари, соопшти Министерството за одбрана.
-Ова е трет пат канадерот да се вклучи во гаснење пожар во Република Грција. Првиот пат беше ангажиран во јули, а вториот пат во август кога беше ангажиран на барање на премиерот на Грција Киријакос. Мицотакис за време на посетата на премиерот на Република Хрватска Андреј Пленковиќ на Грција, соопштуваат од Министерството за одбрана.
Во Грција продолжуваат да беснеат големи шумски пожари, а ситуацијата дополнително ја влошува непроодниот планински терен и густо пошумените површини, како и силните ветрови кои поттикнуваат избувнување на нови пожари.
Канадерот ќе биде ангажиран во Грција како дел од Европскиот механизам за цивилна заштита за да им помогне на другите земји, за што Република Хрватска им става на располагање два канадери од воздухопловните сили во постојана подготвеност од јуни до октомври.