Хрватската полиција ги повика граѓаните да го предадат оружјето без да бидат санкционирани

by Fokus 08:48
08:48

Пукањето на загрепскиот Плоштад Свети Марко, при што полицаец беше сериозно ранет, а двајца други беа загрозени, повторно го покрена прашањето за чување на преостанатото оружје, па хрватската полиција ги повика граѓаните доброволно да го предадат оружјето, без санкции.

Според податоците на полицијата, од 2007 година, кога почна акцијата „Помалку оружје помалку трагедиии“ граѓаните доброволно предале над 5.000 парчиња забрането оружје, над 330 илјади парчиња експлозивни средства, над 9.000 парчиња оружје кое можат легално да го поседуваат, околу 5,5 милиони парчиња муниција и над 5000 килограми различен експлозив.

- Advertisements -

– Сепак, праксата укажува дека граѓаните сè уште имаат оружје во сопственост, со што покажуваат неодговорност затоа што тие ја загрозуваат сопствената безбедност и безбедноста на нивните деца, внуци и сите граѓани, изјави пред новинарите шефот на Службата против експлозии при Управата на полицијата Маријан Николау.

Граѓаните кои „заборавиле“ да го предадат оружјето или се уште не се ослободиле од него од која било причина, Николау ги повика да изберат алтернатива и да го предадат оружјето наместо да бидат казнети, доколку се пронајде кај нив.

Тој апелираше до граѓаните да не го донесуваат оружјето во полициската станица, туку да се договорат за времето и местото на испорака на телефонскиот број 192, по што припадниците на одделот за заштита од експлозии ќе го преземат оружјето на безбеден начин.

Поврзани новости