Хрватската куна заминува во историјата!

by Fokus

Пратениците во хрватскиот Сабор усвоија закон со кој еврото е воведена како официјална валута од почетокот на 2023 година, јавува ХРТ.

Хрватска на 1 јануари 2023 година ќе ја замени хрватската куна со евро, објави Хрватската радио-телевизија.

За таа одлука гласаа 117 пратеници, 13 беа против, а еден воздржан.

И двете валути ќе се користат паралелно во месеците по официјалниот почеток на плаќањата во евра, додека двојното прикажување на цените ќе важи една година.
Во текот на 2023 година граѓаните на Хрватска нема да имаат трошок за размена на куната за евра.

Исто така, и по истекот на овој рок, односно на неодредено време, граѓаните ќе можат бесплатно да менуваат банкноти од евро куни во Хрватската народна банка (ХНБ).

Хрватска, која ѝ се приклучи на Европската унија (ЕУ) во 2013 година, останува една од најслабите економии на блокот од војната 1992-1995 година во поранешна Југославија.

Десничарските партии во хрватскиот парламент се спротивставија на воведувањето на еврото, велејќи дека тоа ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе изврши притисок врз граѓаните.

Хрватската економија е силно зависна од приходите од туризмот во текот на летните месеци.

Поврзани новости