Хрватското државно обвинителство поднесе први обвиненија во аферата „Агрокор“ против 29 лица, вклучително и директори на 13 компании кои беа снабдувачи на концернот.
Според хрватски медиуми, обвинетите се товарат за фалсификување службени и деловни документи.
Тоа е исходот од делот од аферата што се однесува на меници поради што истрагата беше покрената на почетокот на годината.
Меѓу обвинетите се одговорни лица во компаниите Франк, Краш и Граноли.
Обвинителството наведува дека од 4 јануари 2010 година до 28 март 2017 година, обвинетите директори, во име на нивните компании, потпишувале меници што ги издавале на компании од концернот Агрокор.
Во мениците било лажно наведено дека се издадени за вредност на примени стоки со што како што се наведува во обвинението, директорите биле запознати.