По двата слободни дена на Светското фудбалско во Катар, денес продолжуваат возбудувањата со првите два натпревара од четвртфиналната фаза.
Мундијалската четвртфиналната програма ќе ја отворат Хрватска и Бразил со дуелот во Ал Рајан закажан за 16 часот. Бразилците на овој меч влегуваат како големи фаворити, но и Хрватска има свои адути.
Во групната фаза Бразил ги победи Србија и Швајцарија, а загуби од Камерун. Во осминафиналето „кариоките беа убедливи против Јужна Кореја (4:1).
Хрватска до четвртфиналето стигна со само една победа (против Канада 4:1), додека со Мароко и Белгија во групната фаза, како и со Јапонија во осминафиналето одигра нерешено. Јапонците ги елиминира по подобро изведување пенали.
Во вториот четврфинален дуел, вечер од 20 часот во Лусаил се среќаваат Аргентина и Холандија.