681
Забранет токсичен пестицид е откриен во зеленчук увезен од Македонија, објави во средата Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна.
-Во пиперките од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот форметанат. Ризикот е сериозен, се вели во денешното соопштение.
Форметанат е исклучително ефикасен инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук. Многу земји се уште го користат, но во Европската Унија е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето, јавува Н1.
Форметанатот е многу акутно токсичен ако се проголта орално, умерено токсичен ако се вдишува и има ниска акутна токсичност ако се нанесува на кожата.