Хрватска започна со специјална операција преку која праќа 14 транспортни хеликоптери во Украина.
Од нивниот состав издвоени се 12 хеликоптери MI 8 MTV-1 и два хеликоптери MI 8 T, кои почнале да ги подготвуваат за транспорт, пренесе „Јутарњи лист“.
Весникот наведува дека седум хеликоптери ќе бидат делумно расклопени и превезени по копнен пат, а другите седум ќе летаат за Полска.
Имено, сите 14 хеликоптери ќе бидат префрлени во Полска, од каде ќе бидат пратени за Украина. Се претпоставува дека хеликоптерите со повеќе ресурси ќе летаат за Полска, додека оние со помалку ќе бидат пренесени по копно.
По заминувањето на овие хеликоптери во Украина, хрватското воено воздухопловство ќе има на располагање десет транспортни хеликоптери MI 171Š и четири хеликоптери „Black Havk“.
Одлуката за праќање хеликоптери во Украина хрватската влада ја држеше во тајност, на што се противи претседателот на државата и врховен командант на војската Зоран Милановиќ.