Хрватска оди во финале, ја победи Франција со 31-28

by Fokus

Хрватска е првиот финалист на Светското ракометно првенство откако триумфираше против Франција со 31-28.

Противник ќе ѝ биде подобриот од утрешното соочување меѓу Португалија и Данска.

Во Арената во Загреб, Хрватите одиграа феноменално прво полувреме кое го пресуди победникот. По првиот дел Хрватите имаа предност од 18-11.

И покрај тоа што Франција во второто полувреме успеа да ја намали разликата, а на четири минути пред крајот дојде и до минус од само три гола (27-24), сепак не успеаја да дојдат до целосен пресврт.

Најпрецизен во победничкиот табор беа Јелиниќ и Срна со по седум гола, Мартиновиќ имаше шест, а Мараш заврши со четири гола. За Франција најдобар беше Мем со осум погодоци.

Поврзани новости