Хрватска: Не смее да се зголеми цената на најважните продукти за исхрана и лековите

by fokus

Владата на Хрватска донесе одлука за воведување вонредни мерки за контрола на цените на одредени производи.

Со неа, цените на најважните продукти за исхрана, на средствата за хигиена, детергентите, на лековите и на одредени производи за заштита на здравјето не смеат да се продаваат по цени повисоки од онаа што тие ја имале на 30 јануари оваа година, ден кога СЗО го прогласи Ковид-19 за закана по здравјето од меѓународни размери.

Од Владата на Хрватска сметаа дека со оваа одлука ќе ја спречат негативната појава на зголемување на цените и нивното монополистичко одредување во ситуација кога најважно е да се осигура заштита на здравјето и животот на луѓето.

-Исто така, со оваа одлука се овластува министерот за економија, во случај на опасност од недостиг на овие производи, да ја ограничи нивната продажба надвор од Хрватска, се вели во одлуката на Владата.

Поврзани новости