Хрватска ќе ги повлече војниците во случај на судир во Украина

by fokus

Хрватска нема и нема да има ништо со кризата во Украина и во случај на ескалација на судирите меѓу Русија и Украина ќе ги повлечеме сите, до последен хрватски војник, изјави претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

-НАТО ја зголемува присутноста, ние со тоа не мораме да имаме ништо, ниту ќе имаме нешто. Ако дојде до ескалација ќе ги повлечеме сите војници до последен, изјавил Милановиќ.

Смета дека судирот нема врска со Русија и Украина, туку со динамиката на американската внатрешна политика и Џозеф Бајден.

-Тоа нема врска со Украина, туку во политиката на Бајден гледам неконзистентно и опасно однесување. Ова се случува во предградието на главниот град на Русија и постојат начини Украина да се сочува, барем 99 проценти, економски да и се помогне, вели Милановиќ.

Според него, местото на Украина не е во НАТО. -Гледам цврст руски интерес во Украина. На Украина не и е местото во НАТО. Тие се една од најкорумпираните држави на светот. Мир. Треба да се смири политичката сцена и да не се дозволи екстремисти да вршат притисок на политиката и затоа Хрватска нема да учествува во тоа. Нема да дозволам, а Пленковиќ нека и се заканува на Русија колку сака. Освен што два пати ја посети Украина, не знае што се случува. Хрватска од тоа треба да побегне, кога е пожар – затворај врата, додал тој.

Министерката за одбрана на Македонија, Славјанка Петровска пак вчера изјави дека АРМ веќе изготвува анализи за потенцијално учество во случај на руска инвазија на Украина.

Поврзани новости