507
Националниот штаб за цивилна заштита ја продолжи одлуката за привремена забрана за преминување на границите на Хрватска, што значи дека постојниот режим, воведен по „заклучувањето“ кон средината на јуни, е продолжен до 30 септември.
Ограничениот режим на преминување на хрватските граници главно се однесува на државјани на трети земји, додека граѓаните на Европската унија и земјите од Шенген зоната имаат слободен премин.
Неколку категории странски државјани, односно лица кои немаат државјанство на Европската унија, можат да ја преминат границата, а статусот и условите можат да ги проверат на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, пренесуваат хрватските медиуми.