223
Министерството за одбрана на Хрватска испраќа авион Канадер со два екипажи во земјава на помош, за да обезбеди хуманитарна помош во гаснењето на пожарите.
„Авион Canadair CL-415 со два екипажи се испраќа во Северна Македонија по наредба на вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ“, се вели во соопштеието на министерството во Загреб, пренесе „Индекс.хр“.
Во Македонија владее кризна состојба поради зголемена појава на пожари.
Помош вчера испрати Турција, а се очекува денес да пристигне помошта и од Словенија, Србија и Црна Гора.