519
Хрватска вторпат во историјата го освои бронзениот медал на Светско првенство.
Тие во натпреварот за третото место на Светското првенство во Катар го совладаа Мароко со 2:1 со головите на Јошко Гвардиола и Мислав Оршиќ.
Тоа е втор последователен медал за Хрватска по среброто пред четири години во Русија.
Првата бронза е освоена во 1998 година во Франција.