586
Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за случајот “Раштански лозја”. Овој случај е повеќе од една деценија во Пула, а судот го држеше замрзнат бидејќи Бошкоски беше во затвор, пренесува А1он.
Поранешниот министер за внатрешни работи истакна дека со оваа пресуда завршува дводеценискиот политички прогон против него. Бошкоски, по министерската функција мина низ неколку судски процеси поради кои речиси десет години беше во затвор.
Половина од затворските години беа во Хаг, половина кај нас за случајот “Кампања” за кој повторно се води судски процес, а Бошкоски докажува дека бил политичка жртва.