Хрватска ги ограничи цените на горивата

by fokus

Владата на Хрватска донесе уредба со која се ограничуваат цените на нафтените деривати за период од еден месец.

Според оваа уредба трговците со нафтени производи во наредните 30 дена можат да продаваат бензин за максимум 11,10 куни за литар (1,44 евра), а дизел по 11 куни (1,43 евра)

Максималните малопродажни цени (со ДДВ и акциза) за бензини „еуросупер БС 95“, „еуросупер БС 98“ и „еуросупер БС 100“ изнесуваат 11,10 куни за литар. За „еуродизел БС“ е утврдена максимална цена од 11 куни за литар.

– Не е дозволено да се наплатуваат такси или други трошоци што не се пропишани со Уредбата или со други посебни прописи за највисоката малопродажна цена на нафтените производи – соопшти министерот за економија и одржлив развој Томислав Чориќ.

Цените на нафтата и нафтените деривати во Хрватска се одредуваат слободно, во согласност со правилата што ги регулираат пазарните односи. Меѓутоа, заради заштита на потрошувачите, регулирање на пазарот или други оправдани причини, Владата може, со декрет, да пропише највисоко ниво на малопродажни цени за одредени нафтени производи, за непрекинат период до 90 дена.

Поврзани новости