Хрватска е меѓу најкорумпираните членки на Европската унија и е рангирана на 63-тото место во Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ИТ) за 2024 година, додека најмалку корумпирана земја во светот е Данска.
Од неговото воведување во 1995 година, ИПК е водечки глобален показател за распространетоста на корупцијата. На годишно ниво, таа ги рангира земјите според нивното согледувано ниво на корупција во јавниот сектор, во согласност со експертските проценки и истражувањата на јавното мислење.
Индексот рангира 180 земји на скала од 100 (без корупција) до 0 (висока корупција).
Првото место седми пат по ред го зазема Данска, која има 90 бодови, а зад неа е Финска (88). Следуваат Сингапур (84), Нов Зеланд (83), Луксембург, Норвешка и Швајцарија (по 81).
Од друга страна, најкорумпирани земји во светот се Јужен Судан (8), Сомалија (9), Венецуела (10), Сирија (12), Либија (13), Еритреја (13), Јемен (13) и Екваторијална Гвинеја (13).
Хрватска има 47 бодови и се наоѓа на 63. место, што е три бода помалку од 2023 година кога беше на 57. место.
Сепак, Хрватска е меѓу најкорумпираните членки на ЕУ: а повисоки се само Романија (46) и Малта (46) на 65. место, Бугарија (43) на 76. место и Унгарија (41) на 82. место.
Перцепцијата за корупција е многу пониска во Словенија (60), која е на 36. место.