Хрватите во паника ги празнат маркетите

by fokus

Загриженоста поради коронавирусот во Хрватска забрзано се шири и додека во аптеките нема заштитни маски, во дел од маркетите веќе нема ниту антибактериски гелови и влажни марамици. Исто така, се зголеми онлајн нарачувањето производи, јавуваат хрватските медиуни.

Во продавниците нема месо, брашно и слични потребни работи.

Од супермаркетите соопштуваат дека продавниците и складиштата се добро опремени и се спроведуваат зголемени хигиенски и санитарни мерки.

„Следете ги упатствата на кризниот штаб и Министерството за здравство кои се навистина примерни и направени на време. Немојте да натрупувате залихи храна и намирници“, смирува докторката Тихана Јендричко, специјалист за анксиозни пореметувања во Психијатриската болница Врапче.

И пред официјалната потврда на случај на коронавурис во Хрватска, луѓето веќе почнале да собираат залихи.

Поврзани новости