Во Хрватска започна бојкотот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива што започна во Фејсбук групата „Ало, инспекторе“, која е поддржана од Европскиот центар за потрошувачи, а во меѓувреме поддржан е од компании за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, па дури и од самиот министер за економија.
Оваа иницијатива започна со пораки кои беа споделени на социјалните мрежи во последните денови. „На 24 јануари во Хрватска има бојкот против високите цени на храната“.
Се повикуваат луѓето да не купуваат ништо тој ден, апсолутно ништо. Подгответе се за тој ден како да е недела“, се вели во пораките.
Податоците покажуваат дека потрошувачките цени во Хрватска, мерени според HICP, во декември 2024 година пораснале за 4,5 проценти во споредба со истиот месец од претходната година, што е највисок раст од мај. Хрватска е меѓу трите земји на ЕУ со највисока инфлација, по Романија (5,5 проценти) и Унгарија (4,8 проценти).
Министерот за економија, Анте Шушњар, ја поддржа иницијативата и истакна дека Владата работи на проширување на списокот на производи со ограничени цени. Во меѓувреме, и опозициските партии го поддржаа бојкотот, критикувајќи ја Владата дека не презела ништо за да ја контролира инфлацијата.