Граѓанско движење од Хрватска со отворено писмо до градоначалникот на Каштел, Денис Ивановиќ, му порача дека не смее дозволат концерти на Јелена Карлеуша, Харис Џиновиќ и Аца Лукас на фестивалот ,, Island of Love” кој се одржува на островот Барбаринац.
Како што е наведено во писмото кое е објавено на страницата на Домовински покрет Сплитско- Далматинска жупанија, музиката ја обликувала реалноста и друштвената филозофија, а наведените музичари припаѓале на некој друг идентитет.
-Овој музички стил не припаѓа на нашето поднебје и мораме да ја чуваме медитеранската и европска култура на која припаѓаме. Покрај локални гости, фестивалот го посетуваат и странци.
Фестивалот го отвори ,,Прљаво казалиште” и после тоа бројните гости треба да ги слушаат Карлеуша, Џиновиќ и Лукас? Должни сме да го чуваме културното добро, оној кој издал концесија на заштитено културно добро, треба да се грижи какви настани се организираат на островот – реагираат од движењето.
Ова не е прв пат да се бара откажување на концерт на Карлеуша. Лани во Лесковац беше покрената онлајн петиција, со цел таа да не пее на манифестацијата Роштиљада, но сепак тамошниот градоначалник не ги послуша граѓаните и ја пречека пејачката со букет цвеќе.
Во Кавадарци пак, по бурните јавни реакции на веста дека Карлеуша ќе пее на Тиквешки гроздобер лани, нејзиниот настап беше откажан и наместо нејзе, гостуваше Горан Бреговиќ.
Вики Клинчарова